(ВИДЕО) Крваво отварање на американската амбасада во Еурсалим: На границата во Газа убиени најмалку 41. Палестинци

Најмалку 41 Палестинци се убиени од страна на израелските сили за време на денешните судири на границата во Газа.

Демонстрациите почнаа неколку часа пред да почне официјалното отворање на новата американска амбасада во Ерусалим, која се преместува од Тел Авив.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Бројката расте: Во судирите во Појасот Газа загинаа најмалку 52 Палестинци

Светските медиуми пренесуваат дека повеќе од 1.700 лица се повредени и оти голем дел од загинатите се уште не се идентификувани.

Израелските сили за одбрана (ИДФ) денеска објавија соопштение во кое ја обвинуваат палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа, дека „предводи терористичка операција" и ги поттикнува демонстрантите на, како што тврди Израел, „терористички напади“.

ИДФ проценува дека околу 35.000 луѓе, оценети како „насилни бунтовници" се собрале на 12 различни локации долж граничната ограда меѓу Газа и Израел, а уште илјадници други биле собрани во еден импровизиран град на околу километар од границата.

Војската соопшти дека демонстрантите фрлале молотови коктели, изгорени гуми и камења кон израелските војници распоредени долж оградата.

Се очекува во текот на денот протестите да ескалираат на 70-годишнината од основањето на Израел, а ширум Појасот Газа од звучниците на џамиите Палестинците се повикуваат да се приклучат на таканаречениот „Голем марш на враќање“.

Протестот е дел од кампањата за уривање на блокадата на границата меѓу Израел и Појасот Газа која трае веќе 11 години, но и протест против денешното отворање на американската Амбасада во Ерусалим. 

Отворена американската амбасада во Ерусалим

САД денеска официјално ја отворија амбасадата во Израел која е преместена од Тел Авив во Ерусалим.

На церемонијата присуствува делегација од Вашингтон, како и израелското политичко раководство. Во Ерусалим се наоѓаат неговата ќерка Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој воедно е и советник во Белата куќа. 

Фото: АП/Видео: Ruptly

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.