​Американскиот државен секретар Помпео: Умесно е што САД го признаа Ерусалим за престолнина на еврејската држава

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е „умесно“ тоа што САД го признаа Ерусалим за престолнина на Израел и отворија своја Амбасада таму.

- Посебно сум горд што денеска САД отворија своја Амбасада во Израел лоцирана во Ерусалим, изјави Помпео по повод отварањето на Амбасадата.

 Тој додаде дека со овој значаен настан се исполнува ветувањето на претседателот Доналд Трамп дадено на 6 декември 2017 година.

- Претседателот тогаш изјави дека пред седумдесет години САД, предводени од претседателот Труман, ја признаа државата Израел. Оттогаш Израел за своја престолнина го користи Ерусалим, кој е престолнина на еврејскиот народ утврдена уште во античко време, изјави државниот секретар.

Затоа, порача тој, „умесно е“ што САД го признаваат Ерусалим како престолнина на Израел.

 Помпео додаде дека САД се посветени на создавање на долготраен и продлабочен мировен договор помеѓу Израел и Палестинците. 

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Бројката расте: Во судирите во Појасот Газа загинаа најмалку 52 Палестинци

(ВИДЕО) Крваво отварање на американската амбасада во Еурсалим: На границата во Газа убиени најмалку 41. Палестинци

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.