Детален преглед: Македонски градови во кои има најголем отпор против вакцинирање на децата

Најновите податоци на Институтот за јавно здравје покажуваат дека се зголемува бројот на родители кои имаат отпор кон вакцинирање на децата и дека посакуваниот опфат од 95% ретко се исполнува кај речиси сите вакцини. Од податоците на ИЈЗ може да се забележи дека во Скопје и Куманово има најмногу невакцинирани деца, но степенот на отпор се зголемува и во другите градови.

Така, опфатот со примарната вакцинација со 3 дози вакцина против хепатитис Б, за 2017 година за целата република изнесува 91,3%.

Опфат под 95%, но повисок од 90% за Хепатитис Б вакцинација се регистрира на територијата на Штип – 94,3%, Крушево – 94,3% , Велес – 93,0% , Струмица – 92,9%, Радовиш – 92,9%, Гостивар – 91,1%

Опфат понизок од 90% е регистриран на територијата на Скопје – 87,5%,, Прилеп – 84,3% и Куманово – 78,5%

Од подлежечките деца на вакцинација против Хепатитис Б во 2017 година, трета доза не примиле 1.877, од нив 50% (939) се од територијата на Скопје, а 19,5% (366) од територијата на Куманово.

Вакцинацијата со три дози вакцина против инфекција со ХиБ во 2017 година, во републиката е извршена со опфат од 91,1%.

Опфат понизок од 95%, но над 90% се регистрира во Крушево - 94,3%, Штип – 93,4% Велес – 93,2%, Радовиш – 92,9%, Гостивар – 90,4%.

Опфат понизок од 90% е регистриран на територијата на Скопје – 86,9%, Прилеп – 84,3% и Куманово – 78,7%.

Од децата кои биле подлежачки на вакцинација против ХиБ со трета доза, не се вакцинирани вкупно 1.924 деца (Прилог Табела 3), од нив 51,2% (985) се од територијата на Скопје, а 18,9% (363) од територија на Куманово.

Примарната вакцинација, односно опфатот со 3 дози на ДиТеПер вакцина, за целата република изнесува 91,1%.

Опфат понизок од 95%, но повисок од 90% е регистриран на територијата Крушево – 94,3%, Штип - 93,4 %, Велес – 93,2%, Радовиш – 92,9%, Гостивар – 90,5%.

Опфат понизок од 90% е регистриран на територијата на Скопје – 87,0%, Прилеп – 84,3% и Куманово.

Во републиката од подлежачките 21.617 деца со три дози ДиТеПер вакцина (примарна вакцинација) не се опфатени 1.919 деца, од кои 51% (979) се од територијата на Скопје и 19% (365) од територија на Куманово.

Вкупен опфат со 3 дози полио вакцина, односно примарна ОПВ/ИПВ вакцинација за целата република е остварена со опфат кој изнесува 91,1%.

Опфат под 95%, но над 90% е регистриран на територијата на Крушево – 94,3%, Штип – 93,4%, Велес – 93,2%, Радовиш – 92,9%, Гостивар– 90,5%.

Опфат понизок од 90% се регистрира во Скопје – 86,9%, Прилеп – 84,3% и Куманово – 78,5%.

Во републиката, од подлежачките 21.619 деца со три дози вакцина против детска парализа не се опфатени вкупно 1.929 деца, од кои 981 (50,9%) се од Скопје, а 366 (19,0%) лица од територијата на Куманово.

Вкупниот опфат со МРП вакцина за целата република изнесува 82,6%. Понизок опфат од 95%, но повисок од 90% е регистриран на територијата на Битола – 90,6%, Кратово – 90,6% и Прилеп – 90,4%.

Опфат понизок од 90% е регистриран на територија на Радовиш – 89,2%, Делчево – 87,6%, Охрид – 87,1%, Гевгелија– 87,0%, Д. Хисар – 85,5%, Кочани – 84,2% , Струмица/ ПЕ Валандово – 83,3%, Битола / ПЕ Ресен – 83,1%, Неготино – 81,1%, Штип – 80,8%, Струмица – 80,2% , Скопје – 78,5%, Гостивар 78 %, Пробиштип – 76,9%, Велес – 76,4%, Кр. Паланка– 70,5%, Куманово – 69,6%, Кавадарци - 65,8%

Од подлежечките лица на МРП вакцина на територијата на целата република (Прилог Табела 7), не се опфатени со вакцинација вкупно 3.937, од кои 1.621 или 41,2% се жители на територијата на Скопје и 553 (14%) се жители на територијата што ја покрива центарот за јавно здравје Куманово.

Вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања причинети од Хуман папилома вирус (ХПВ) во републиката изнесува 48%.

Прикажаниот опфат по ЦЈЗ и нивни подрачни единици се движи од 12,1% (Битола) до 100% на територијата на само неколку подрачни единици (Кавадарци, Св. Николе, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Кратово, Дебар и Пробиштип).

Опфат понизок од вкупниот опфат во републиката (48%) се регистрира во Гостивар– 44,7%, Струмица – 24,4%, Охрид – 23% , Скопје – 15,5% и Битола – 12,1%.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Се зголемува отпорот кај родителите за вакцинација: „Антикампања“ на лоби групи или реален страв?  

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!