И осуммесечно бебе меѓу жртвите во судирите на границата меѓу Појасот Газа и Израел

Палестинското Министерството за здравство соопшти детали за загинатите при вчерашните протести.

Според Министерството, загинале 58 лица, од кои 57 биле убиени од израелски оган, а осуммесечно бебе починало откако вдишило солзавец.

Шестмина од починатите од прострелни рани се малолетни. Повеќе од 2.700 лица беа повредени, вклучувајќи 1.360 од прострелни рани. Од повредените, 130 се во сериозна и критична состојба.

Од соопштението на Министерството, не е јасно како бебето било изложено на солзавец за време на судирите на границата меѓу Газа и Израел. Детето е идентификувано како Лејла ал Гандур.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе се состане за да ги осуди вчерашните настани долж границата и убиството на десетици Палестинци.

Седницата е на барање на Кувајт, кој предложи предлог-изјава. Во изјавата се изразува „огорченост и тага" на убиствата и се повикува на „независна и транспарентна истрага".

Во документот се апелира на воздржаност од сите страни. Исто така, постои повик сите да се придржуваат до резолуцијата на Советот за безбедност, која повикува да нема амбасади во спорниот Ерусалим. САД вчера ја отвори својата Амбасада во Еруслаим, која ја пренесе од Тел Авив. 

МИА/Фото: Ројтерс

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

На приемот за американската амбасада во Ерусалим: Македонија во друштво на Конго, Танзанија, Руанда...

Македонија и се спротистави на САД за именувањето на Ерусалим за главен град на Израел

Американскиот државен секретар Помпео: Умесно е што САД го признаа Ерусалим за престолнина на еврејската држава

Турскиот премиер Јилдирим: САД и Израел се соучесници во злосторство против човештвото

Бројката расте: Во судирите во Појасот Газа загинаа најмалку 52 Палестинци

(ВИДЕО) Крваво отварање на американската амбасада во Еурсалим: На границата во Газа убиени најмалку 41. Палестинци

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.