Проблематично слетување на скопскиот аеродром: Едно лице тешко повредено

Едно лице е тешко повредено кога авион при слетување на скопскиот аеродром влегол во турбуленции, соопшти МВР.

Повредениот В.К. бил вработен како стјуард во авиокомпанија, а во моментот кога авионот се подготвувал да почне со слетување, леталото влегло во турбуленции, а стјуардот паднал на подот и тешко се повредил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: freepicks.com

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!