Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел

Одговарајќи на на прашањето за можна средба со премиерот Зоран Заев за текот на преговорите за името, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по синоќешната седница на Централниот комитет на партијата, го повика премиерот на телевизиски дуел.

„За едно вака сериозно прашање логично е да се отвори фронт на консултација со што е можно поголем број на целни групи. Една таква целна група е и ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија, но и сите политички партии што се парламентарни, бидејќи е логично е дека тие партии ќе одлучуваат понатаму за некаков евентуален, хипотетички договор помеѓу Република Македонија и нашиот јужен сосед.

Цениме и сигурни сме дека лидерска средба во присуство на претседателот на државата ќе биде од огромно значење и можеше да биде и поддршка во целокупниот овој процес за надминување на проблемите околу нашето уставно име што го има нашиот јужен сосед, и ценам дека одбивањето е чин на голема неодговорност и непочит кон македонскиот народ.

Прашањето се банализираше на прашање дали има претседателот на влада и Заев време да ме прими мене на средба или нема. Како човек како претседател на најголемата опозициска партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на Владата на неговата покана - го повикувам Заев да се соочиме на телевизија, да дискутираме за преговорите, но и за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики“, изјави Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

И „Канал 5“ се нуди да организира ТВ дуел Заев - Мицкоски

МТВ се понуди да го организира дуелот помеѓу Заев и Мицкоски

(ВИДЕО) Најава за ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски: Како изгледаше дуелот на Црвенковски и Георгиевски

Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ за 2. јуни најави „огромен народен собир“ пред Владата

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.