Ќе имаат ли храброст планинарските друштва да го сменат „вечниот“ Угриновски

На 19. мај треба да се одржи Собрание во Федерација на планинарски спортови за избор на нов претседател и членови на органите на федерацијата.

Планинарските друштва имаат можност да направат промени во функционирањето на оваа институција, од која, незадоволство постои само зад кулисите, а нема јунак, промените да ги спроведе во самата институција со која раководи „вечниот“ Угриновски.

Но зошто тоа е така? Бидејќи како и во секоја компанија, институција, микро или макро средина секој се води од личните, а не од интересите на заедницата. Друга приказна е што како народ, низ годините само научивме да молчиме и да не го креваме гласот борејќи се за своите права и искажувајќи го сопственото незадоволство.

Ние сме светски прваци во дисциплината климање со глава, наместо тропнување на маса со рака, кога нешто не чини.

Оттука, и планинарските друштва веројатно ќе одат по линијата на помал отпор. Наместо, оние кои се за промена, да ги сплотат силите и заеднички да излезат со против кандидат, од добро информирани извори дознаваме дека тие ќе останат без свој кандидат.

Планинарите веројатно уште не ја научија лекцијата дека претседателот се бира со лобирање, а на Собрание само се изгласува.

Пред пет години, алпинистите обвинија дека сегашната раководна структура на ФПСМ била нелегално избрана.

На 25. април 2014 година, Македонската алпинистичка федерација издаде соопштение во кое се вели дека дел од нелегалната раководна структура на ФПСМ, селективно, до некои клубови, испратиле допис со покана за учество на изборното собрание, што претставува обид за најфлагрантно кршење на статутот, а со тоа и на законите во Република Македонија.

„На истото собрание беше променет статутот, алпинизмот и алпинистичките клубови (кои беа носители на едукативните процеси) беа насила протерани од ФПСМ, и од тогаш до денес, во федерацијата владее тотален хаос, сите комисии и тела формирани по овој датум, се исто така нелегални и нелегитимни, бидејќи се донесени од структури кои на нелегален начин ја завладеаја ФПСМ“, велат од МАФ.

Правилникот и кодексот на ФПСМ постојат само во теорија, а во пракса, многу пати се покажало дека не се почитуваат. И самиот Угриновски, ја релативизираше нивната содржина на дебатата на Телевизија 24, за смртниот случај со двајцата планинари Александар Миновски и Калина Велевска.

За овој настан, ФПСМ е под истрага од страна на јавен обвинител.

„Надлежен јавен обвинител издаде Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности“, информираа тогаш од Јавно обвинителство.

Планинарските домови се во очајна состојба.

Обидите од страна на планинарите одредени состојби да се подобрат, се одбиваат од гардот на една голема суета поголема од сите македонски планини заедно. 

Па веројатно, крајно време е состојбите да се променат. Во спротива треба да молчат до следно Собрание.

А и светот останува на младите. Или пак не?

Фото: ТВ 24

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Само едно планинарско друштво сака промени во Федерација, другите калкулираат

Раководството и телата на Федерацијата на планинарски спортови избрани нелегално во 2014 година

Писмо: Пријатели на Калина, зошто молчите? Угриновски, оставка!

„Вистиномер“: Угриновски нема право да крие сознанија за тема од широк јавен интерес

Јавно обвинителство ќе ги истражува околностите под кои загинаа планинарите на Кајмакчалан

Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.