Николиќ е новиот шеф на кардиохирургија во Аџибадем Систина, на местото на Таџер

Проф. д-р Александар Николиќ е нов шеф на Кардиохируршкиот оддел на Аџибадем Систина и доаѓа на местото на Салис Таџер, кој ќе остане како визитинг-хирург.

Николиќ на ова место доаѓа од позицијата началник, кардиохирург во Кардио центарот во Црна Гора.

Исто така работел на Институтите за кардиоваскуларни болести на Војводина, на Дедиње, во Специјалната болница Филип Втори, а од 2015 година работи и во Аџибадем Систина.

Николиќ е професори и по хирургија на Медицинскиот факултет во Штип, а бил професор и на факултетот во Подгорица во 2009 година.

Тој е член на европскиот одбор на торакална и кардиоваскуларна хирургија FEBTCS.

Фото: Vijesti.me

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.