(Видео) Путин возејќи камион го отвори мостот-чудо што ги поврзува Русија и Крим

405 Views Мај 16, 2018 Свет Никола Осило

Рускиот претседател Владимир Путин возејќи камион го отвори 19-километарскиот мост што го поврзува Крим со Русија. Путин се возеше со камион „Камаз“ и им честита на градежниците кои половина година пред рокот го изградија мостот.

Камионот на Путин беше на чело на колоната од 30 камиони, кои ја тестираа издржливоста на мостот.

Изградбата на мостот почнала во февруари 2016 , тој има четири коловозни ленти, а дополнително ќе се изградат и две железнички ленти.

Мостот го градеше компанијата на рускиот милијардер Аркадиј Ротенберг, кој му е спаринг партнер на Путин во џудо.

Фото/Видео: Русија 24

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!