Заев прифати ТВ дуел со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев ја прифаќа поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за дуел на телевизија, потврдија за МИА од Владата.

- Отвореноста е еден од основните принципи според кои работи претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Постојано комуницираме со јавноста на отворен и двонасочен начин, преку одговори и прашања, но и дебати и дуели. Така што премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата е отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти, изјави за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Мицкоски синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата го повика Заев да се соочат на телевизија и да дискутираат за преговорите за името.

МИА/Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

И „Канал 5“ се нуди да организира ТВ дуел Заев - Мицкоски

МТВ се понуди да го организира дуелот помеѓу Заев и Мицкоски

(ВИДЕО) Најава за ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски: Како изгледаше дуелот на Црвенковски и Георгиевски

Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.