Администрацијата на Општина Гостивар со скратено работно време заради рамазанските пости

Администрацијата на Општина Гостивар ќе почнува со работа час и половина подоцна, поради рамазанските пости, пишува на влезот од зградата, а одлуката е објавена и на нивната веб-страница.

„Се известуваат граѓаните, органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, установите и јавните служби, месните заедници, јавните претпријатија, заводите, фондовите, невладините организации, правните и физички лица што вршат јавни овластувања и сите други кои ги користат општинските услуги, дека во согласност со Одлуката бр.09-1009/1 од 15.05.2018 година, за времено распоредување на работнотo време на Општина Гостивар во текот на месец “Рамазан” – 2018 година, општинската администрација ќе работи од 09.30 до 16.00 часот, почнувајќи од 16 мај 2018 до 14. јуни 2018 година“, пишува во одлуката на Општината.

Фото: Мета

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.