Мерко забрани пушење по канцеларии за време на рамазанските пости

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко испратил наредба до вработените во администрацијата, со која забранува носење на храна, пијалоци и пушење по канцеларии за време на рамазанските пости.

Тој, исто така преку соопштение на веб-страницата на Општина Струга посакува лесен пост и прифатени молитви.

„Во пресрет на Рамазан, месец кој симболизира жртва, побожност, милосрдие, богослужба и милост, ми претставува чест да им посакам на сите граѓани и сонародници на исламската вера во име на општина Струга и во мое лично име, убав дочек на овој свет месец. Овој благословен месец може да ни послужи да одразуваме мир, толеранција и меѓусебно почитување, солидарност и добротворство“, се вели во пораката до верниците.

Фото: Општина Струга

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.