МТВ се понуди да го организира дуелот помеѓу Заев и Мицкоски

Македонската телевизија денеска ги покани на ТВ-дуел премиерот Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според уредникот на Информативната програма на МТВ, Стојан Трпчевски, двајцата лидери би разговарале за прашањата поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.

„ТВ-дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници во зависност од нивните активности“ велат од МТВ.

Фото: МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.