ДЗС: Во Македонија лани 102 мажи се венчале по трет пат или повеќе

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4,4 % и изнесува 13.781 склучен брак.
Најмногу бракови, 1.771 или 12,9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5,5 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,1 % за жените и 91,4 % за мажите.

Во втор брак со учество од 7,9 % и во трет брак со учество од 0,7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Имено, лани во трет брак или повеќе стапиле 102 мажи, а само 38 жени.

Во 2017 година, најголем број бракови, 4.570, кај жените биле склучени на возраст од 20 до 24 години или 33,2 %, а за мажите во старосната група од 25 до 29 години со 5.222 бракови или 37,9 %.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26,6 години за невестата и 29,3 години за младоженецот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!