Владата го менува законот за здравствено осигурување: Листата на лекови ќе ја утврдува една комисија

1043 Views Мај 16, 2018 Бизнис Никола Осило

Министерството за здравство подготвува предлог-измени на законот за здравствено осигурување. Оттаму прегу единсетвниот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) известуваат дека со актуелниот закон е утврдено дека Листата на лекови ја утврдуваат 14 стручни комисии, формирани од Владата на Република Македонија.

„Ова законско решение во праксата се покажа како гломазно, широко поставено и неприменливо. Со законот е утврдено дека работодавачот и министерот за здравство со формирање на посебни медицински комисии вршат преиспитување на оцената за привремена спреченост за работа.

Ова законско решение се покажа нецелисходно и беспредметно со оглед на тоа што законот содржи одредби со кои се предвидуваат контролни механизми на работата на избраните лекари, првостепените и второстепените лекарски комисии.

Со законот се утврдени меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англискиот јазик од страна на директорот на Фондот и положен психолошки тест и тест за интегритет, но не е утврден меѓународниот сертификат АПТИС.

Со истекување на важноста на ЕЗК во праксата се појавија проблеми со користењето на електронските услуги преку Порталот на Фондот“ информираат од Министерството за причините за промена на законот.

Како главна цел на законските зимени се посочуваат поедноставување на утврдувањето на Листата на лекови, со тоа што наместо 14 стручни комисии, Владата ќе формира една стручна комисија.

Бришење на нецелисходните одредби во делот на контролата/преиспитувањето на привремената спреченост за работа.

Во делот на меѓународно признатите сертификати за активно познавање на англиски јазик од страна на директорот на Фондот, се додава сертификатот АПТИС, а се брише положен психолошки тест и тест за интегритет - воведување квалификуван електронски потпис поради истекување на важноста на ЕЗК.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!