(Видео) По 20 години, Нокаут и Авалон се враќаат на исто место

Со реално јак повод каков што е нов албум на групата, Нокаут и Авалон продукција после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ кале, во организација токму на Авалон Продукција, информираат од таму. 

Како дата, на средбата помеѓу Нокаут и огромниот број на нивни фанови е избрана 27- ми октомври во СРЦ Кале.

„Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј. Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.
Во продолжение, уживајте во најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум на „Нокаут“.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.