Која маркетинг агенција без оглас доби 15 милиони од МИО за Дигиталниот самит на Западен Балкан

Министерството за информатичко опшество и администрација во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас склучила договор со Агенцијата за маркетинг комуникации „Панекс“ ДООЕЛ Скопје за техничка поддршка за реализација на Дигиталниот самит на Западен Балкан 2018 што неодамна се одржа во Скопје.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 15.015.066 денари или околу 244.000 евра.

Во образложението на набавката се вели дека има користење на постапка со преговарање без објавување на оглас од причини од крајна итност.

Критериум за доделување на договорот била најниска цена.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!