Стари и ретки книги за македонскиот јазик достапни на Дигиталниот архив

Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ промовираше веб-страница на Дигиталниот архив на македонскиот јазик (damj.manu.edu.mk) што е подготвуван во изминатите десет години.

Во дигитална форма се објавени 50-ина стари и поважни ретки книги за македонскиот јазик - граматики, правописи, споредбени студии, монографии, дијалектни материјали. 

Тука е Македонската граматика на Круме Кепески од 1946 и Македонскиот правопис на Блаже Конекси  и Крум Тошев  од 1950, „За македонцките работи“ на Мисирков од 1903, Абецедарот објавен во Атина во 1925... 

Најстарата дигитализирана книга во овој архив е Речник од три јазика од Ѓорѓи Пулевски од 1875 година.

Меѓу постарите изданија (крајот на 19. век) се и трудовите на странските слависти кои го прочувале македонскиот јазик Ватрослав Облак, Леонард Мазинг и Вјечислав Малецки. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Македонски „Абецедар“ бил издаден во Атина уште во 1925 година

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.