ЕЛЕМ повторно ќе продава вишоци електрична енергија

ЕЛЕМ повторно објавува продажба на вишоци на електрична енергија, за јуни, во вкупни количини од 24.480 мегават часови електрична енергија, од кои 14.400 мегават часови се „базна“ и 10.080 мегават часови се „врвна” eлектрична енергија, информираат од компанијата.

„Продажбата ќе се одржи на 22. мај (вторник) во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕM – Скопје, по пат на аукциско надавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули, благодарение на добрата оперативна и производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија“, велат од ЕЛЕМ.

Последната продажба во ЕЛЕМ се одржа на 3. мај на која беа продадени вишоци електрична енергија за 3. 874.598 евра.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.