Меркел се надева на решение за името

Државите од Западен Балкан имаат јасна перспектива за членство во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Германската канцеларка како особено значаен го нагласи напредокот во разговорите меѓу Грција и Македонија, изразувајќи надеж дека ќе биде најдено решение прашањето за името.

Меркел истакна дека на средбата во Софија не е донесена никаква одлука за прашањето за проширување на ЕУ, но нагласи дека за таа тема ќе се разговара на следниот Самит на Унијата во јуни.

Меркел оцени дека средбата во Софија била многу важна, бидејќи на неа биле водени многу корисни разговри и притоа и се заблагодари на Бугарија за добрата организација на собирот.

Според неа, на средбата биле разгледани прашања за соработката, за реализација на инфраструктурни проекти, за иранската нуклеарна програма и за трговијата.

При тоа нагласи дека земјите од ЕУ се договориле да продолжат да го поддржуваат иранскиот нуклеарен договор и покрај повлекувањето на САД од него.

Таа истакна дека ЕУ ќе ги продолжи преговорите со САД и останатите партнери околу договорот, со цел и Иран да не се повлече од него.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!