Методија Хаџи Јанев на чело на полкот за специјални операции на АРМ

Со денешната воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, се изврши примопредавање на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ.

Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Орце Јордев ја прими бригаден генерал Методија Хаџи Јанев, информираат од АРМ.

„Новиот командант на пСО, бригаден генерал Методија Хаџи Јанев пред стројот истакна дека времето и безбедносните предизвици обврзуваат оваа единица да го задржи стандардот што е постигнат досега, да се даде свежина за да може да се одговари на сериозните закани од кибер просторот, асиметричните закани и современите технологии и да се зголеми психофизичката подготвеност и когнитивното знаење, за на таков начин да помогнеме и да ја оствариме нашата мисија и мисијата на АРМ.  

Исто така истакна дека целосната почит и доверба кон пСО од страна на државно и воено раководство треба да се оправда со иновативност, прифаќање чекор со современите закани за да станеме дел од евроатлантската заедница“, велат од АРМ.       

Досегашниот командант на пСО, бригадниот генерал Орце Јордев со Указ на Претседателот на Република Македонија е поставен за началник на штаб во ЗОК.     

Фото: АРМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.