(Фото) На Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија „исчезна“ македонскиот јазик

На официјалните документи од Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Софија, кои беа објавени денеска, во графата за јазици намето македонски јазик стои јазик на Поранешната југословенска република Македонија.

Македонскиот јазик изминативе години во неколку наврати „исчезнуваше“ и од извештаите на Европската комисија (ЕК) и други европски институции за Македонија, како и придавката македонски.

Во последниот извештај на ЕК за Македонија за стартување на преговорите со ЕУ, придавката македонски беше спомната едвај два пати.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Во извештајот на ЕК за Македонија, придавката македонски спомната едвај два пати

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.