Пратеничка на СДСМ смета дека поскапувањето на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не возат коли

Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани, бидејќи 60 отсто од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, рече пратеничката на СДСМ од Делчево, Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1. јануари.

Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести