Лекари од странство, кои припишуваат масло од канабис, во Јавна соба ќе објаснат како влијае врз одредени болести

Со цел на продолжување на континуираната едукација на полето на канабисот и споделување на точни информации за неговите својства и употреба, Граѓанското здружение “Зелена Алтернатива” денеска го организира настанот  „Канабис 1000 зошто – 1001 затоа – Разбивање на митот: рекреативен или медицински канабис?.

Настанот ќе биде изведен во два дела, првиот, семинар со предавања на професори, доктори и научници, признаени во светот за нивната посветеност, достигнувања и работа во областа на канабисот.

„Во овој дел, свои предавања ќе имаат Д-р Пол Хорнби, доктор и научник од Канада, со повеќе од триесет годишно искуство во третирање на пациенти со канабис и екстракти од канабис и познат како човекот кој прв стандардизирал канабис екстракт со кој се таргетират специфични болести. Свое предавање ќе има научникот заслужен за откривањето на ендоканабиноидниот систем, Д-р Лумир Ондреј Хануш, кој по потекло е од Чешка, но својата работа ја врши во Израел и е носител на најважните откритија од полето на канабисот и ендоканабиноидниот систем.

Предавање ќе одржи и д-р Роберт Меламед, доктор по молекуларна биологија чии истражувања се во полето на канабиноидите, канцерот и обновувањето на ДНК, кој освен искуство во своите истражувања, има и долгогодишно искуство во третирање на пациенти со канабис. Како четврт-ти предавач на овој настан, ќе настапи и д-р Јонас Вандерсван, доктор од Канада кој подолго време препишува канабис и екстракти од канабис за огромен број на болести каде истите имаат примена и член на повеќе друштва и асоцијации за употребата на канабисот како медицинско средство“ се вели на фејсбук-страницата на овој настан.

Вториот дел од овој настан ќе претставува јавна дебата, која првично требаше да се одржи во Јуни минатата година. Организаторите велат дека  за жал, поради отсуството на македонските лекари, дебатата не беше целосна и се сведе на дебатирање само помеѓу пациентите и странските доктори и научници.

„Овој пат, после помината дополнителна година, со повеќе легални препарати од канабис на пазарот и се повеќе корисници, се надеваме дека ќе има и поголем број на македонски медицински лица кои ќе сакаат да ги споделат своите дилеми, позитивни и/или негативни искуства во препишувањето на канабис.

Целта на дебатата е да се приближат ставовите помеѓу пациентите и докторите, да се чујат нивните барања, нивните дилеми, стравови и прашања во врска со користењето и третирањето на пациенти со канабис и затоа решивме да оставиме поголем простор за дебата и размена на мислења“, велат организаторите.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Се раздвижува пазарот: Ќе стане ли маслото од канабис подостапно за секој

Првите количини масло од канабис од NYSK на македонскиот пазар од ноември

Упатство за употреба: За што и како се користи маслото од канабис со рецепт

(Фото) ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледа и како се користи маслото од канабис со рецепт

Братучедот на Заев, Трајче купил оранажерија за да одгледува канабис

„Гужва„ на пазарот за производство на масло од канабис, ќе падне ли и цената

(Фото) Го пробавме маслото од канабис: Како изгледа и како се користи

Почна продажбата на масло од канабис без рецепт, цените од 2.400 до 2.800 денари

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.