Угриновски до планинарката која гласаше против неговиот избор за претседател: Не е здрава, треба да се лечи

Планинарката Југослава Дуковска која на денешното Собрание за избор за претседател на Федерација на планинарски спортови гласаше во името на планинарското друштво „Ај лав хајкинг“, во два наврати беше навредена од реизбраниот претседател на ФПСМ, Јовица Угриновски.

„Наjпрво со сексуални алузии, а потоа алудирајќи дека не сум здрава и дека треба да се лечам“, изјави Дуковска за еМагазин.

Некои од членовите на Собранието, побарале тој јавно да и се извини за изнесените навреди, но тој не го сторил тоа.Дуковска образложила зошто Угриновски не смее да биде уште еднаш избран за претседател на Федерацијата.

„За време на неговиот мандат се случија неколку инциденти со смртни последици. Ќе речете – планинари постојано и насекаде гинат, но случаите за кои што зборувам, посебно оној на Калина и Александар се директен резултат на непочитувањето на процедурите кои влијаат на безбедноста и на неприфатливото толерирање на јавашлукот и импровизирањето во организирањето на планинарски тури.

Поради отсуство на покажана совест и самокритичност. Јавноста и планинарскиот свет очекуваше Угриновски да поднесе оставка од морални причини, а тој и ФПСМ крајно нетранспарентно поминаа преку настанот со едно немушто соопштение со кое се перат себеси и организаторот од одговорноста. Сега е доцна она изразување жалење за загубата што го чувме“, образложила Дуковска пред членовите.

Исто така, таа истакнала дека ФПСМ за време на преседателствувањето на Угриновски работела крајно нетранспарентно.

„Поради тоа што  ништо или многу малку е направено за планинарењето во Македонија да биде организиран, безбеден и убав спорт. Има огромни слабости во квалитетот на продуцирањето на кадри за водичи, во унапредувањето на знаењето за безбедност на планинарите, слаби се резултатите во маркирањето и уредувањето на планинарските патеки, а ништо не е направено ниту за подобрување на состојбата со планинарските домови, чијашто бројка од времето кога јас почнав да планинарам, пред 30 тина години досега е за две третини помала“, рекла таа.

Дуковска го навела и минирањето или игнорирање на иницијативите за обнова на фондот на планинарски домови, покренати од поединци или групи.

„Поради нестатутарното и нелегално бркање на алпинистите од Федерацијата. И на крајот, а еднакво важно – поради статутарната пречка. Членот 53-а од важечкиот Статут на ФПСМ предвидува дека е невозможно да биде избран еден ист претседател три пати последователно туку треба да има пауза од еден мандат пред повторно да биде избран. Доколку денес гласате за изборот на Угриновски, сте гласале за нелегален и нестатутарно избран претседател“, рече таа.

И покрај наведените образложувања на Дуковска, Угриновски бил избран со 24 гласа ЗА, 4 неутрални и двајца против.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Угриновски на чело на Федерација дури е жив, повторно избран за претседател на ФПСМ спротивно на Статутот

Денеска се избира претседател на ФПСМ, Угриновски нема право на уште еден мандат

Нова Македонија: Не престанавме по потрагата за вистината за Калина и Александар, но не се созреани условите за објавување на фактите

Ќе имаат ли храброст планинарските друштва да го сменат „вечниот“ Угриновски

Раководството и телата на Федерацијата на планинарски спортови избрани нелегално во 2014 година

Писмо: Пријатели на Калина, зошто молчите? Угриновски, оставка!

„Вистиномер“: Угриновски нема право да крие сознанија за тема од широк јавен интерес

Јавно обвинителство ќе ги истражува околностите под кои загинаа планинарите на Кајмакчалан

Водичот на „Трансверзалец“ Москито суспендиран само од морални причини

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај за тоа што случувало на Кајмакчалан

Последен планинарски поздрав за Калина и Александар

„Трансверзалец“: Доставени информации до институциите за случајот со двајцата загинати планинари

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија

Федерацијата на планински спортови ќе ја истражува смртта на планинарите

Организаторите на турата на Кајмакчалан во која животот го загубија двајца планинари бараат молчење до извештајот

За врвот Кајмакчалан, каде што Калина и Александар трагично ги загубија животите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.