„Изгоре“ предлогот „Илинденска Македонија“

Најпрво сите грчки опозициони партии, а потоа индиректно и грчката Влада, охрабрувајќи ја Македонија да се најде заемно прифатливо решение со географска или временска одредница, го отфрли предлогот „Илинденска Македонија“, кој за македонската влада беше прифатлив за севкупна употреба.

Грците најдоа иредентизам во предлогот, дел од грчките партии, меѓу кои и коалициониот партнер на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Независни Грци, не сакаат ни да чујат новото име на Македонија да го содржи поимот „Македонија“, а дел оценија дека предлогот „Илинденеска Македонија“ е објавен за да „изгори“.

Од предлогот како што деновиве пренесуваа грчките медиуми не беа фасцинирани и грчките граѓани, а истиот беше исмеван на социјалните мрежи.

И македонските граѓани се поделени за овој предлог, кој очигледно беше изненадување за сите. Последните анкети покажаа дека всушност Македонците не сакаат никаква промена на уставното име, но предлогот „Илинденска Македонија„, сепак доби одредени симпатии.

Посебно фасциниран од предлогот не беше ни македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, кој по вчерашната лидерска средба за името, побара предлогот да го добие на писмено, па потоа ќе го каже својот став, напоменувајќи како и многу пати до сега дека процесот мора да се води во рамка утврдена од ОН.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак повторија дека нема да прифатат промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Дали фокусот повторно ќе се врати на предлогот „Горна Македонија“, за кој се шпекулираше дека е најприфатлив за Грците или преговорите ќе добијат сосема друг тек, останува да видиме.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Грција го отфрли предлогот „Илинденска Македонија“, бара географска или временска одредница

Заев: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис со Грција

Мицкоски: Предлогот за името ќе го претставам пред партијата, не се согласуваме за промена на Уставот

Иванов по лидерската за името: Кога ќе го добијам предлогот писмено ќе дадам став

Грчките опозициски партии против името „Република Илинденска Македонија“

Касами: Република Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.