Матурантите од СОС Детско село со подарок плус за својата прослава

Во тек е периодот на матурски прослави. Матурантите заедно со своите родители се во потрага по омиленото парче гардероба која совршено ќе им прилега. 

Ова е период кога се креираат насмевките на сите кои завршуваат со средното образование. Поттикнати од тоа, Капитол мол организираа кампања која што ќе излезе во пресрет на сите матуранти кои ќе сакаат да се облечат во продавниците на Капитол мол, но и ќе ја поттикнат општествената одговорност со цел собирање средства за децата без родители од СОС Детско село Македонија.

За таа цел започнаа соработка со Факултет за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот за да се изработат специјално дизајнирани чанти, кои беа донација од Карписа, и истите ќе бидат понудени на јавноста на големата аукција која ќе се случува оваа среда, 23.05.2018, во 19.00 часот во Џус бар Диван во Капитол мол.

Сите средства кои ќе бидат собрани од продажбата на чантите ќе бидат доделени на матурантите од СОС Детско село. Со оваа активност кампањата „Креатори на насмевки“ ќе ја исполни целта која беше поставена на самиот почеток – среќни матуранти, студенти и посетители мотивирани да им помагаат на децата од СОС Детско село.

Аукцијата е од отворен карактер и поканети се сите кои сакаат да купат стилски дизајнирана чанта од студентите на ФОН Универзитет и со тоа да им овозможат подарок на децата од СОС Детско село Македонија.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.