Пораст на станбените и на потрошувачките кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во април кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити, бележиме месечен раст од 1,2% и 1,1%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,1% и 15,4%, соодветно, соопшти Народната банка.

„Автомобилските кредити забележаа месечно намалување од 0,7%, при годишен раст од 0,6%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија минимално зголемување од 0,1%, во услови на годишен пад од 1,0%. Овој месец, кај негативните салда на тековните сметки е евидентирана нагорна месечна и годишна промена од 0,8% и 2,8%, соодветно.

Кредитите одобрени врз други основи, во април бележат месечен раст од 0,8%, додека на годишна основа е забележан пад од 1,2%“, соопшти НБРМ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести