Топ пет професии со највисоки плати во Македонија

1262 Views Мај 22, 2018 Бизнис Никола Осило

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за движењето на просечната плата во Македонија од кои може да се види дека највисока просечна плата во земјава во март, годинава од 54.606 денари е исплатена во секторот компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности.

Втор на листата по висината на исплатена просечна плата е секторот телекомуникации со 48.404 денари. На третото место е секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со исплатена просечна плата од 45.677 денари.

На четвртото место е секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со просечна плата од 37.761 денар, а на петтото место секторот вадење на други руди и камен со плата од 34.284 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

На дното: Пет најниско платени професии во Македонија 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!