Мајка на три деца стана првата жена гувернер во Македонија

Анита Ангеловска Бежоска стана првата жена гувернер на Народната банка на Македонија.

Нејзината биографија освен што покажува дека е вистински професионалец во областа, открива и интересни детали од нејзиниот приватен живот.

Има 47 години, родена е во ноември 1971 година во Гетеборг, Шведска.

Мажена е и има три деца.

Дека пред нејзе е успешна кариера зборуваат и податоците од времето кога била студент.

Ангеловска- Бежоска е дипломиран економист, на Економскиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1994 година, а била и еден од тројцата најдобри студенти во генерацијата со просек од 9,4 на насоката маркетинг и надворешна трговија.

Со просек 9,3 во 1997 година, Ангеловска- Бежоска ги завршила и постдипломските студии. Со титула доктор на науки во 2015 година се стекнала на Економскиот факултет во Љубљана.

Познава четири странски јазици, англискиот го зборува одлично, а пак делумно знае руски, италијански и шведски.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Анита Ангеловска Бежоска стана првата жена гувернер

Каков имот пријавила Анита Ангеловска Бежоска, кандидатката за нов гувернер

Ќе стане ли првата жена гувернер: Која е Анита Ангеловска-Бежоска

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.