На дното: Пет најниско платени професии во Македонија

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за движењето на просечната плата во Македонија од кои може да се види дека најниска просечна плата во земјава во март, годинава од 14.129 денари била исплатена во секторот производство на кожа и слични производи од кожа.

Втора најниска просечна плата од 14.379 денари била исплатена во секторот рибарство и аквакултура, а секторот услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата е на третото место со просечна исплатена нето плата од 14.835 денари.

На четвртото место е секторот производство на мебел со исплатени 15.164 денари, а на петтото место производството на облека со исплатена просечна плата од 15.283 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Топ пет професии со највисоки плати во Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести