Социјалните мрежи „збеснаа“ по предлогот за такси-ваучери за пијани скопјани

Најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека граѓаните кои имаат резервација преку ресторани.мк ќе можат да користат бесплатен такси превоз за враќање дома по добрата забава во некој од скопските ресторани, а со цел да се зголеми свесноста за опасностите од возење под дејство на алкохол предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Ви пренесуваме дел од твитовите на оваа тема:

„Сеа овие од Драчево секоја вечер ќе се праат мортус у кафана за да не мора 3 автобуси да фаќаат за до дома“

„Шефе, а ако одбијат Илинденска да им предложиме Боемска Македонија?! - Петре ЉокајДрвче Шилегов.“

„Господине, пијан си, еве ти ваучер за такси. - Нема потреба фала, со кола сум“

„100 денари такси ваучер ќе ги намали пијаните шофери исто ко што акцизата за нафтата го намали загадувањето“

„Таман се отрезнив ваучери почнавте да давате, кој ќе се опива пак?!?“

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!