Среда за паметење: Прва пресуда за екс-премиер, прв ТВ дуел...

Невообичаено многу настани се насобраа денеска кои можат да одиграат битна улога во понатамошната иднина на нашата земја, барем кога е политиката во прашање.

Денеска се очекува скопскиот Основен суд 1 да пресуди во судскиот процес поведен по обвинителниот случај „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски се обвинети за набавката на блиндираниот мерцедес.

Доколку судот донесе пресуда која вклучува казна затвор, Груевски би бил прв премиер на Македонија осуден за криминал додека ја извршувал премиерската функција.

Од друга страа, вечерва очите на нацијата ќе бидат свртени кон ТВ дуелот меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев закажан за 20 часот на МТВ.

Станува збор за прв ТВ дуел меѓу премиер и лидер на опозицијата по долгогодишна пауза, што секако е добредојдено од аспект на развивање на демократските процеси во земјава врз база на дебата.

Не треба да се заборави ниту дека во сенка на јавноста се одвиваат круцијални процеси од аспект на решавање на спорот за името и можноста за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО, за што најдобро сведочат жешките телфонски линии меѓу високи фунционери од Западот и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести