(Фото) Заева на отворањето на Центарот за спортски повреди во ГОБ „8 Септември“

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска се отвори Центар за спортски трауматизам кој првенствено е наменет за за професионални спортисти како и останатите пациенти со спортски повреди.

Овие пациенти би имале приоритет како по однос на ортопедски преглед така и во однос на радиолошките и лабораториски испитувања.

„ Во однос на просторот, за почеток, центарот ќе функционира во рамките на одделението за Ортопедија и трауматологија.Во моментов одделението располага со 32 болнички кревети распоредени во 8 болнички соби.Во подготвка е вселување во дополнителен простор кој се ослободи со преместување на Специјалната болница за кардиохирургија Филип втори, а Министерство за здравство ни го додели за користење“, рече директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов.

Тој додаде дека од голема важност за целосно функционирање на центарот е комуникацијата со спортските федерации и клубовите. Во однос на стручниот кадар, Центарот ќе функционира со постоечкиот лекарски кадар.

Голем број на професионални спортисти од нашата држава се одлучуваат на оперативен третман на повредите во соседните држави, каде што се плаќаат високи суми за интервенциите, а причина за тоа е недовербата во јавните здравствени установи како и непостоење на соодветен центар за тој профил на лица, каде што на едно место би биле инкорпорирани ортопедски преглед, радиолошки и лабораториски испитувања, (магнетна резонанца, КТМ), оперативен третман и рана пост оперативна рехабилитација. Сето ова би се реализирало преку Фондот за здравствено осигурување.

Раната физикална терапија би се изведувала болнички, уште од првиот пост-оперативен ден, а ќе продолжи амбулантски по однапред утврдени протоколи според дијагнозата и сложеноста на интервенцијата. Просториите за физикална терапија во склоп на Центарот за спортски трауматизам би биле приведени само за оперираните пациенти во центарот.

Денеска на отворањето на Центарот присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев како и сопругата на премиерот, Зорица Заева каде што неодамна се оперираше.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.