ТВ дуел: Кога лидерите за себе говорат во трето лице

Низа реакции на социјалните мрежи и воопшто во јавноста имаше по вчерашниот ТВ дуел меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Се чини дека на граѓаните по 20 години пазуа од вакви ТВ дуели, поинтересно им беа начинот на изразување, досетките и непромислените коментари отколку темите на кои дебатираа двајцата лидери.

Меѓу најзапаметените коментари од овој ТВ дуел можеби ќе останат „Кружите наоколу ко киша око Крагуевца“ со кој премиерот Заев му укажа на Мицкоски дека бега од суштината, како и возвратниот на Мицкоски дека бил како „надојден Вардар, а не ко киша око Крагуевца“.

Најзабележително кај двајцата лидери е што за себе говорат во трето лице, што само укажува на несоодветни ораторски способности и слабост во изразувањето.

На крајот, после сите сеири и замерки, овој ТВ дуел сепак треба да се поздрави, бидејќи по две децении се враќа демократската дебата и комуникцијата меѓу власта и опозицијата.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Мицкоски не му одговори на Заев зошто не му се допаѓа „Илинденска Македонија„

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го бојкотира Собранието

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести