Арачиновец го застрелал несудениот зет бидејќи ја раскинал веридбата со ќерка му

На 23.05.2018 година во 16,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „18“ во с.Арачиново-скопско И.В. од Арачиново кој управувал патничко моторно возило “Фиат Пунто“, го запрел возилото и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), којшто со возило бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот), соопшти МВР.

Причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!