Нема ни стан, ни куќа: Каков имот пријавила новата министерка за правда, Дескоска

Рената Дескоска од СДСМ е предлогот за нов министер за правда. Таа на новата позиција ќе ротира од министерското место во образование и наука.

еМагазин Ви пренесува каков имот пријавила до Државната комисија за спречување корупција кога станала министерка за образование и наука.

Таа на свое име не поседува куќа или стан, а ни нејзиниот брачен партнер, или некој друг од семјството.

На свое име има пријавено хонорари и сметки во банки, но не дала податок за какви суми станува збор.

На име на брачниот партнер пријавила возило Ланос, проценето на 100 илјади денари, како и заедничко возило, Мазда проценето на 400 илјади денари, а како заеднички имот пријавила и накит проценет на 600 илјади денари.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: СДСМ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Што пишува во биографијата на новиот министер за образование, Арбер Адеми?

Каков имот има новиот министер за образование, Арбер Адеми

Што пишува во биографијата на новиот министер за култура Асаф Адеми?

Каков имот има Жерновски, новиот заменик министер за надворешни работи

Што пишува во биографијата на новиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.