Ковачевски од телекомуникациски сектор влезе во бизнис со фотоволтаични панели

Поранешниот директор на оне.Вип, Димитар Ковачевски влезе во бизнисот со производство на фотоволтаични соларни и термални панели, домашна инвестиција на компанијата „Пиксел груп“ во партнерство со „Солар пауер“, заедно со бизнисменот Горан Паунов.

Генерален директор на „Пиксел груп“ е Горан Паунов, кој е поранешен директор на „Солар санс КМ“. Новиот капацитет на површина од 1.500 метри квадратни, лоциран во кругот на поранешната фабрика „Раде Кончар“ во Скопје, ќе се произведуваат 20 мегавати годишно фотоволтаични панели.

„Ако во Македонија досега се инсталирани 18 мегавати за последните 10 години, ние во Пиксел сме во можност без проблем да произведеме 20 мегавати за една година. Доколку пазарот побара повеќе со мала интервенција за максимум три месеци можеме да го удвоиме капацитетот на 40 мегавати годишно“, изјави Паунов.

Инвестицијата до крај на годината ќе биде пет милиони евра и оти бројот на веќе ангажираните 20 вработени ќе се зголемува зависно од потребите за воведување двосменско и трисменско работење.

Во „Пиксел груп“ ќе се произведуваат фотоволтаични панели од кои понатаму ќе се произведува електрична енергија од сонцето.

Неколку домашни реномирани компании веќе направиле нарачка за првите македонски фотоволтаични панели.

„Од овие фабрички хали ќе се произведува и првиот фототермален панел преку партнерската компанија Солар М која ќе го користи фотоволтаикот произведен во Пиксел Груп ќе го вградува најдобриот апсорвел што самата ќе го произведува и како финален продукт ќе го произведува фототермалот, прв производ од ваков вид во Македонија и на Балканот“, рече на отварањето на фабриката Паунов.

Фото: Влада на РМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.