Распишан оглас за нов директор на Агенцијата за енергетика

Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија објави оглас за избор на Директор на Агенцијата.

Кандидатите кои се заинтересирани треба да ги исполнуваат општите услови за засновање на работен однос како и следните посебни услови: да е државјанин на Република Македонија, во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/I степен и да има минимум 5 (пет) години работно искуство, од кои најмалку 3 (три) години во областа на енергетиката.

Повеќе детали од огласот ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!