И Морган Фриман обвинет за сексуално вознемирување, актерот се извини

Повеќе жени го обвиниија актерот Морган Фримен поради непримерно однесување и сексуално злоставување, објави Си-ен-ен.

Неидентификувана жена изјави за Си-ен-ен дека актерот ја злоставувал во 2015 година кога работела како асистент на продукцијата во комедијата „Во голем стил“, во која глумеше Фримен.

Жената вели дека Фримен често непримерно ја допирал и имал коментари за нејзиното тело и облеката речиси секој ден.

Вкупно 16 луѓе разговарале со Си-ен-ен за Фримен, при што осум жени тврдат дека биле жртви.

Фриман по објавувањето на информациите се извини на сите кои ги навредил. 

Актерот во соопштение вели дека никогаш немал намера да направи некој да се чувствува непријатно.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.