Тревога за бомба го затвори метрото во Киев пред финалето на Лигата на шампионите

733 Views Мај 26, 2018 Свет Никола Осило

Во пресрет на финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, пет метро станици во Киев биле затворени по дојава за поставена бомба

Веста на медиумите ја потврди и самата метро служба, која на Фејсбук соопшти дека затворени се станиците „Днипро“, „Хидропарк“, „Ливобережна“, „Арсенална“ и „Херои Днипра“.

На овие пет станици бил забранет влез и излез се додека антитерористичките тимови не извршиле детална проверка.

Целиот инцидент се случи на само неколку часа пред финалето од Лигата на шампионите и дуелот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул на Олимпискиот стадион.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!