(Видео) Повредени полицајци при обид за упад во зградата на Владата на Еди Рама

1594 Views Мај 26, 2018 Балкан Никола Осило

Најмалку 11 полицајци се повредени денеска при судири меѓу полициските сили и учесници во антивладните протести во Тирана.

Како што соопшти началникот на тиранската полиција Арди Велиу, полицијаците биле повредени при судир со група демонстранти кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до зградата на албанската Влада.

На антивладините протести во Тирана учествуваа неколку илјади сипатизери и приврзаници на албанската опозиција, која бара оставки на премиерот Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.

Демонстрантите, предводни од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди си“.

Учесниците на протестите носеа транспаренти со антивладини пораки и знамиња на Албанија и ЕУ, а додека минуваа пред Владата и Министерството за внатрешни работи, дел од демонстрантите маваа со камења и други предмети кон зградите.

Демократската партија соопшти дека при судирите со полицајците бил повреден и уредникот на нивниот партиски весник.

Опозицијата го обвинува премиерот Рама за поврзаност со организираниот криминал, а министерот Џафај дека ги прикривал криминалните активности на неговиот брат Агрон, кој во Италија уште во 2002 година е осуден за шверц на дрога. По притисокот од јавност, минатата недела Агрон Џафај замина во Италија, каде им се предаде на властите за да ја отслужи казната.

Фото/Видео: Gazeta Shqiptare

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!