Албанскиот претседател Мета го поддржа Ахмети во напорите за решавање на спорот за името

Шефот на албанската држава Илир Мета денеска во Тирана даде поддршка за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името. Мета денеска во Тирана имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која албанскиот претседател дал поддршка за пронаоѓање конечно решение за спорот.

Според албанскиот претседател решавањето на спорот со Грција, ќе го забрза интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО.

„Денеска на срдечна средба го пречекав лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Одлучните и неуморни напори на ДУИ и на албанскиот политички фактор за конечно решение на спорот меѓу Македонија и Грција заслужуваат максимална поддршка, затоа што го забрзуваат членството на Македонија во ЕУ и заслуженото место во НАТО“, објави Мета на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Илир Мета

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!