Коѕијас: Конечниот договор за името во рацете на Заев и Ципрас

Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името.

- Двајцата министри за надворешни работи завршивме со она што го презедовме  од премиерите на двете земји. Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговорите  на експертско ниво - она што треба да се реши се техничко - правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина. 

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Грчки владини извори: Ништо не е завршено, трпение и смиреност до Самитот во јуни

Димитров: Договорена рамка за компромис за името

Заев и Ципрас телефонски разговарале за имплементација на ерга омнес за име од предлозите на Нимиц

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.