Над 100.000 штедачи си ги заборавиле штедните влогови

Обесштетувањето на штедачи во членки на Фондот за осигурување депозити кај кои настанал ризичен настан (стечај или ликвидација) е една од трите основни деловни активности на овој Фонд.

Од формирањето на Фондот во јануари 1997 година до 31.12.2017 година, се случиле вкупно 11 ризични настани.

Вкупната пресметана обврска за обесштетување од единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1.522.800.000 денари.

Од 1997 година до 31.12.2017 година се обесштетени вкупно 20.042 штедачи во вкупен износ од 1.371.350.000 денари што претставува 90,05% исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон штедачите.

Останатите 9,95% претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 151,4 милиони денари кон 101.909 штедачи кои од лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот.

„Анализата на структурата на овие штедачи укажува дека над 50% од нив имаат поединечни депозити - предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици за можноста да го остварат своето право на обесштетување сепак истото не го остваруваат“, се вели во годишниот извештај на фондот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!