(ВИДЕО) Нападот во Лиеж е терористички: Објавена снимка од моментот кога полицијата го убива терористот

Белгиското Кралско обивнителство потврди дека денешниот вооружен инцидент во Лиеж, при што загинаа четири лица, а две се повредени, го третира како терористички чин. Со тоа Лиеж за седум години вторпат е цел на терористички напад. 

Утрово околу 10 часот и 30 минути во белгискиот град Лиеж се случи престрелка помеѓу 36-годишен маж и двајца полицајци. Мажот кој првично на себе имал само нож успеал да го украде огненото оружје на еден од полицајци, по што ги застрелал и избегнал.

Во престрелката загинал уште еден случаен минувач, а повредени се најмалку уште две лица. Напаѓачот потоа се упатил кон училиште во близина и земал жена за заложничка, по што полицијата го застрелала.

Напаѓачот е идентификуван како Бенжамин Херман, роден 1982 година. Тој вчера бил пуштен од затвор, каде најверојатно се радикализирал.

На 13 декември 2011 година во центарот на Лиеж, 33-годишниот Нордин Амрани, поранешен затвореник уби седум луѓе, повреди 125, а потоа се самоуби. Меѓу жртвите беше и 17-месечно бебе, неполнолетни лица и една пензионерка. Белгиецот Армани со мароканско потекло, беше роден во Брисел. Тој бил осуден на затворска казна поради незаконско поседување на оружје.

Белгија во 2014 година стана прва жртва во Европска унија на терористички напад од Исламска држава, кога беше отворен оган во Еврејскиот музеј во Брисел, при што загинаа четири лица. Две години подоцна, на 22 март 2016 година терористите го нападнаа аеродромот и метрото во Брисел, при што загинаа 32 лица, а 340 луѓе беа повредени. Белгиската полиција минатата година осуети два терористички напади, едниот во воз кој сообраќаше на линијата Брисел - Париз, а другиот во Бриселскиот транспортен центар.

И покрај денешниот напад, нивото на терористичка закана во Белгија останува непроменето. 

Медиумите објавија и снимка од моментот кога полицијата го убива терористот:

 

МИА/Видео: Ruptly

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.