Дури 1.784 жени во Македонија се викаат Македонка, а 29 мажи Македон

Преговорите за името речи никогаш не биле толку високо на агендата на македонските и грчките политичари, како што е случај последните месеци, а и интересот на јавноста и во Македонија и Грција.

Грчките медиуми речиси секојдневно не „бомбардираат“ со нови детали за предлозите, решенијата и детали од евентуалниот договор помеѓу двете земји, а поради недоволните информации на моменти се создава голема забуна и кај македонските и кај грчките граѓани.

Македонците не се преокупирани само со прашањето дали нивната земја ќе добие ново име, туку и дали ќе им зачува идентитетот (како ќе се вика јазикот, народот...), а во една ваква ситуација нормални се и прашањата како во иднина по евентуален договор помеѓу Македонија и Грција ќе се викаат институциите или фирми кои сега ја содржат придавката македонска/македонско, како ќе изгледаат песните во кои се пее за Македонија или дали ќе мораат да го сменат и сопственото име.

Имено, како што покажуваат податоците кои еМагазин ги доби користејќи алатка на Државниот завод за статистика во Македонија има дури 1.784 жени кои се викаат Македонка, а интересен детал е дека 29 мажи се викаат Македон.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Р. Северна Македонија е најизвесниот предлог за решавање на спорот со името 

Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

Како ќе се смени името: Милошоски објави план во 11. точки

Се крчка ли референдум со услов новото име на Македонија да биде врзано со членство во ЕУ и НАТО?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.