Кина е подготвена за трговска војна со САД

368 Views Мај 30, 2018 Свет Никола Осило

Кинеските власти денеска им се заканија на САД дека се подготвени за трговска војна, доколку САД продолжат со своите царински политики.

Кинеската најава доаѓа откако американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос изјави дека САД се уште ја држат отворена можноста за воведување царини на кинескиот увоз во САД вреден 50 милијарди долари.

„Ги повикуваме САД да го исполнат своето ветување и да се сретнат со нас на половина пат, за да имаме заедничко решение. Инаку, Кина ќе преземе решителни и силни мерки да ги заштити своите интереси“, изјави Хуа Чунјинг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!