НАСА: На Марс пронајдени органски молекули, што може да значи постоење на живи организми

На Марс се откриени нови знаци на можни минати или дури и сегашни форми на живот на Црвената планета, соопштија експерти од НАСА.

Возилото за истражување на Марс „Куриозити“ открило органски молекули со непознато потекло во поранешно корито на река со старост од три милијарди години и на длабочина од 5 см, што може да значи дека некогаш на Марс постоеле услови за развој на форми на живот, соопштија претставници на вселенската агенција на САД.

Експертите прецизираа дека откриените органски соединенија не се нужно поврзани  со живот на некакви суштества и може да се формирале и без учество на организми.

Сепак, останува можноста дека некогаш Марс бил населен од микроорганизми или дури тие се уште да постојат на планетата, посочуваат американските медиуми.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести