Штедиш, а каматата ја добиваш однапред

Зошто да се одлучите за едно, кога може да ги добиете и двете - пари за трошење и заштеда. Изборот меѓу разновидните понуди за штедење секогаш треба да се направи внимателно за да се добие максималното од она што се нуди на македонскиот пазар.

А, кога од штедењето очекуваме да обезбеди посигурна иднина, но и потпора на сегашниот домашен буџет, како најдобар избор се наметнува таканареченото „орочено штедење со антиципативната исплата на каматата“. Односно, на денот на вложување на депозитот, банката ја пресметува каматата за целиот период на орочувањето, и му ја исплаќа на клиентот.

Понудата којашто звучи интересна, колку што е и примамлива, е дел од производите за штедење што се нудат во Стопанска банка а.д. Битола.

„Наш двигател кога ги креираме производите се потребите на потрошувачите, како и желбата да понудиме нешто поразлично на пазарот. Ороченото штедење со антиципативна исплата на каматата е еден од производите кои се наменети за депоненти кои сакаат да располагаат со пари, а сепак да не ја трошат заштедата.

Односно на денот на уплата на влогот се пресметува каматата и антиципативно се исплаќа на клиентот. Како домашна банка сакаме на пазарот да понудиме квалитетни и интересни производи, кои ќе одговорат на барањата од потрошувачите, создавајќи при тоа еден долгорочен партнерски однос“, вели Весна Дацева, директорката на секторот за работа со физички лица.

Според понудата на Стопанска банка а.д. Битола, најмалиот задолжителен влог во ороченото штедење со антиципативна исплата на каматата е 6.000 денари за денарски штедења, односно 100 евра за девизните штедења. Рокот за орочување и за двете валути е 15 месеци, а каматната стапка се разликува. Кај денарските депозити каматната стапка за целиот период од 15 месеци изнесува 2 отсто  и е фиксна.

Додека кај девизните депозити е 1,5 отсто за целиот период од 15 месеци и е непроменлива.

Во овој вид на штедење, депонентот може да располага со орочениот штеден влог по завршување на периодот од 15 месеци.

Од Стопанска банка а.д. Битола објаснуваат дека за корисниците на антиципативното штедење имаат посебна понуда на кредити со минимални каматни стапки, наменети за ситуации кога на клиентот ќе му притребаат финансиски средства, а не сака предвреме да го прекине договорот за орочувањето на депозитот.

Со оваа можност клиентот ќе ја зачува заштедата, а притоа располага со финансиски средства според потребата.  Ако клиентот, сепак, побара предвремен раскин на договорот, банката го исплаќа износот намален за однапред исплатената камата.

Банката наплаќа и надомест за оваа постапка а клиентот добива исплата на камата по видување на денот на предвременото раскинување на договорот. Во Стопанска банка а.д. Битола може да добиете детални информации за сѐ поврзано со ороченото штедење со антиципативна исплата на каматата. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.